НЕ ТРЕБА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ ПО ИЗЈАВАТА НА БРНАБИЌ ДЕКА ИМА ПРЕЧКА ДА СТИГНАТ ВАКЦИНИТЕ ОД СРБИЈА

    НЕ ТРЕБА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ ПО ИЗЈАВАТА НА БРНАБИЌ ДЕКА ИМА ПРЕЧКА ДА СТИГНАТ ВАКЦИНИТЕ ОД СРБИЈА„Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на 'Фајзер' и тоа на некој начин им ги забрза работите“, вели Филипче. (Фото: К. Попов)

    Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не постои законска пречка за прием на вакцините против ковид-19 во нашата земја, откако денес српската премиерка Ана Брнабиќ кажа дека Србија помага да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија.

    „Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини ‘Фајзер’, но не биле регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, но има многу повеќе работи зад завесите. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација“, изјави Брнабиќ.

    „Првите дози на вакцината ‘Фајзер’ која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8.000 дози вакцини кои од Србија треба да пристигнат во нашата земја ќе бидат со интервентен увоз. Измената на Законот за лекови е поради глобалната политика на ‘Фајзер’ кои инсистираа апликант за регистрацијата на вакцината да биде нивното претставништво коешто е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа. Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на  ‘Фајзер’ и тоа на некој начин им ги забрза работите. Но, и тоа не е пречка свесни дека е таква нашата законската регулатива, производителот ‘Фајзер’, се согласи првите количини вакцини кои ќе дојдат во нашата земја и преку директниот договор, но и преку помошта од Србија да дојдат со т.н интервентен увоз, за што има законска регулатива и за тоа не треба регистрација“, вели Филипче.

    Според Министерството за здравство, производителот „Фајзер“ на нашата земја ѝ излегол во пресрет, несакајќи да се забави динамиката на пристигнување на вакцините.

    „Со оглед на тоа што инсистираат регистрацијата да се случи кога тогаш, несакајќи да ја забават динамиката на пристигнување на вакцините, се согласија тоа да биде за следните количини, во следните месеци поради тоа што ние поднесовме измена на Законот за лекови во Собранието за да овозможиме, оваа конкретна вакцина да се регистрира преку апликант кој не е регистриран како компанија во нашата земја“, додава министерот. .

    Во однос на испораката на вакцините од Србија, Филипче вели дека во моментов се чека одобрување од компанијата „Фајзер“, за интервентен увоз.

    „Во интензивна комуникација сме со компанијата изминатите два дена, паралелно на нашите разговори во врска со нашиот директен договор, сега се чекаат и фајловите за да се дозволи таа количина од Србија да биде пратена во нашата земја. Тоа значи дека компанијата ‘Фајзер’ води сметка за буквално сите количини кои ги дистрибуира во земјите, дали и на кој начин евентуално се препраќаат во некои други земји“, додава министерот.

    „Што се однесува до вакцините кои во земјава треба да стигнат преку Ковакс механизмот, министерот Филипче на 29 јануари ќе има состанок со претставниците од тој систем кога се очекува да добие информации кога и во кои количини вакцини ќе стигнат во нашата земја“, вели Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира