В БОЛНИЦА ПРИМЕНИ 83 НОВИ КОВИД БОЛНИ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА, ИМА УШТЕ 60 МЕСТА

    В БОЛНИЦА ПРИМЕНИ 83 НОВИ КОВИД БОЛНИ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА, ИМА УШТЕ 60 МЕСТАВо Скопје лежат 543 лица, а до 8 часот утрово имало 60 празни места. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Осумдесет и три ковид болни лица се примени во Скопје во изминатите 24 часа, а од денес е отворен и Ковид-центарот на Клиниката за пластична хирургија, соопшти Министерството за здравсто. Изминативе денови расте бројот на лица кои се примаат в болница поради компликации од ковид-19, но ова е највисока бројка на дневна хоспитализација во земјава од почетокот на коронакризата. Вчера за 24 часа беа примени 63 пациенти, завчера 71.

    Во Скопје лежат 543 лица, во Ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат  746 пациенти, вкупно 1.289 . Во Скопје има 60 празни места, а на ниво на цела земја, бројката е 300 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми. Во Ковид-центарот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ имало 24 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти.

    Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

    Во моментов во Ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 255 пациенти.

    Во „8 Септември“  има  114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти. На ГАК има 7 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болен, а во Куманово 108 пациенти.

    Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 117, во  Гостивар 30, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 45 пациент, во Кочани 8 во Кичево 10, Кавадарци 70, а во Гевгелија 17 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 117.437, оздравени се 99.837, починати 3.424, а активни случаи се 14.176.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира