ТРАЈАНОВ СЕ СОМНЕВА ДЕКА ЧЕТИРИТЕ ПРЖИНСКИ ПАРТИИ ПАК ЌЕ ГИ ОДЛОЖАТ ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРАЈАНОВ СЕ СОМНЕВА ДЕКА ЧЕТИРИТЕ ПРЖИНСКИ ПАРТИИ ПАК ЌЕ ГИ ОДЛОЖАТ ИЗБОРИТЕ

    Пратеникот и лидер на Демократски сојуз Павле Трајанов денеска изјави дека слушнал коментари дека четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, се договориле да нема избори на 11 декември.

    „Ние како партија не сме во тек со такви иницијативи”, додаде Трајанов.

    Трајанов ова го кажа на денешната прес-конференција, на која соопшти и дека неговата пaртија поднесе иницијатива за свикување итна седница за распуштање на Собранието. Тој рече и дека дозволено е одложување на распуштањето на Собранието од три-четири дена, ако „ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА покажат волја да се изгласаат двата закона без кои Специјалното обвинителство не може непречено да работи“.

    Иницијатива за распуштање на Собранието денеска поднесе и пратеничката група на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение, го повика претседателот на Собранието Трајко Вељановски да ја стави точката на дневен ред за да биде разгледана и усвоена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира