Автобус од Битола кој превезувал вработени од тутунска компанија излетал од патот и се превртел, но повредени нема, велат од СВР Битола за СКАМДАКАЖАМ.МК.
„Во 14,25 часот пријавено е дека возач во автобус кој превезувал патници вработени во тутунска компанија на релација Драгоажани кон Демир Хисар, за да избегне удар со трактор излетал од коловозот и се превртел. Повредени патници нема пријавено, се врши увид“, рече портпаролката на СВР Битола Сања Стаматова.
Во автобусот се воделе осумнаесетина патници од Битола и околните села, а ги превезувал автобусот од работните места кон дома.
На местото не била повикана екипа на Брза помош.
Ж. ЗДРАВКОВСКА