100 ОД 125 ЖИТЕЛИ ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО БИТОЛА САКААТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19

    100 ОД 125 ЖИТЕЛИ ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО БИТОЛА САКААТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19Наскоро се очекува да започне имунизацијата во оваа установа, која згрижува најголем број лица на поодмината возраст во Битолскиот Регион. (Фото: СДК.МК)

    Голем е интересот за вакцинација против ковид-19 кај жителите во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола. Директорката на Домот Јулијана Ивановска вели дека од 125 повозрасни лица вклучени во анкетата за вакцинација, сто потврдиле дека сакаат да се вакцинираат. Наскоро се очекува да започне имунизацијата во оваа установа, која згрижува најголем број лица на поодмината возраст во Битолскиот Регион. Воедно, и од вработените дел се вакцинирани, а и други чекаат да добијат термин.

    Во овој Дом беше регистриран еден од првите случаи на заболени лица од ковид-19 во Битола, 86-годишен маж кој лани во април беше хоспитализиран на Инфективното одделение во Битолската болница, каде беше излекуван. Следните месеци имаше уште двајца заболени, или вкупно тројца, што е многу малку во однос на големиот број жители сместени во Домот.

    Во Домот се врши редовна дезинфекција на целокупниот простор, обезбедена е заштитна опрема со маски, капи, визири, дезинфекциони средства, задолжително се мери температурата два пати дневно и на вработените и на згрижените лица. Веќе една година вратите од Домот се затворени и не се допуштаат посети однадвор.

    Директорката Ивановска вели дека смртноста пред пандемијата во Домот беше поголема. Поточно, во 2019 имале отколку 170 починати жители на годишно ниво, додека за време на пандемијата, лани починале скоро половина помалку, околу 90 лица.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира