75-ГОДИШНИК БОЛЕН ОД КОВИД-19 ИЗБЕГАЛ ОД МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП И НАЈДЕН Е МРТОВ ВО БЛИЗИНА

    75-ГОДИШНИК БОЛЕН ОД КОВИД-19 ИЗБЕГАЛ ОД МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП И НАЈДЕН Е МРТОВ ВО БЛИЗИНАПолицијата истражува како болниот ја напуштил болницата. (Фото: СДК.МК)

    Службите на Клиничката болница во Штип синоќа се вдале во потрага по еден побегнат пациент со ковид-19, кој подоцна бил најден мртов во непосредна близина на модуларната болница, потврди СВР Штип.

    Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова вели дека полицијата работи на расветлување на околностите под кои ја напуштил болницата.

    „На 24.04.2021 во 00.35 часот во СВР Штип било пријавено дека на улица Мирче Ацев во Штип бил пронајден починат Д. Н. (75) од Пробиштип. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по преземени мерки било утврдено дека починатиот бил хоспитализиран во Модуларната болница во Штип како ковид-19 позитивен пациент. Увид извршила екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, вели Панајотова.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира