Смртноста од ковид-19 за периодот од 26 април до 2 мај е намалена за 20,9 отсто во споредба со претходната недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, а во однос на возраста, 150 лица биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.
Од 26 април до 2 мај тестирани се 14.975 материјали, со намалување од 17,6% во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (857; 41,5%), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.
Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (781, 37,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (349; 16,8%), 40-49 (333; 16,0%), 30-39 (323; 15,6%) и 20-29 (172; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (33; 1,6%) и 10-19 години (85; 4,1%).
По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, со статус оздравени се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.
Институтот наведува откако почна вакцинацијата против ковид-19, заклучно со 2 мај, со „Фајзер/Бионтек“ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со „спутник“ се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на „АстраЗенека“ вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со „Синофарм“ се вакцинирани 953 лица.
Б. НЕСТОРОСКА