Од утре (среда, 5 мај) полицискиот час наместо од 21 часот ќе почнува од 23, одлучи Владата на денешната седницата. Забраната за движење како и досега ќе трае до 5 часот наутро. Оваа мерка ќе трае до 15 мај.
Соодветно на овие измени, кафулињата и кафеаните ќе бидат отворени за гости до 22.30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.
„Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица, патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви ковид-19“, велат од Владата.
А. АНТЕВСКА