Смртноста од ковид-19 во периодот од 3 до 9 мај е намалена за 37,1% отсто во споредба со претходната недела, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.
Тестирани се вкупно 15.781 материјали, со зголемување од 5,4% во однос на минатата недела. Регистрирани се 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.
Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (227; 17,4%), 50-59 (208; 16,0%), 30-39 (176; 13,5%) и 20-29 (106; 8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (26; 2,0%) и 10-19 години (53; 4,1%).
„Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%)“, велат од ИЈЗ.
По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, со статус оздравени се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2% во споредба со минатата недела.
Во однос на текот на имунизацијата, според последните информации од Министерството за здравство, прва доза вакцина вчера примиле 13.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини, од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, а ревакцинирани се 23.862 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.