АДМИНИСТРАЦИЈАТА ШТО НЕ ОДЕШЕ НА РАБОТА ЌЕ ДОБИЕ К-15

    АДМИНИСТРАЦИЈАТА ШТО НЕ ОДЕШЕ НА РАБОТА ЌЕ ДОБИЕ К-15За регрес за годишен одмор на административнците како што кажа Заев се алоцирани 230 милиони денари.(Фото: СДК.МК)

    Јавната администрација годинава ќе добие регрес за годишен одмор. Со ребалансот на буџетот предвидени се пари и за К-15 за административците, кои од лани во март до пред неколку недели не одеа на работа поради мерките за заштита од ковид-19.

    Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали е соодветно да се дава К-15 на администрацијата што не одеше на работа, во време кога приватниот сектор се соочува со тешкотии во работењето и намалени плати, рече дека регресот мора и треба да се исплати оти тоа е предвидено со колективните договори од 2019.

    „Имаа разбирање за одлагање на ова мерка во 2020 бидејќи кога требаше да почне исплатата почна третиот бран на коронавирусот и беше несоодветно регресот да се исплати во време кога приватниот сектор оди со рационализација. Оваа година одлучивме да се исплати и треба да се исплати, сме го ветиле и не само што сме го ветиле потпишан е договор. Затоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари за оваа намена“, рече премиерот Зоран Заев на денашната прес-конференција за ребалансот на буџетот.

    Со ребалансот вкупната сума која се одвојува за плати на администрацијата е 31,6 милијарди денари. Заев вели дека бројот на административци е намален од 160.000 пред 4 години на 132.000 и дека со новиот закон за пензионирање дополнително ќе се намали бројот на државна администрација.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира