ВЛЕЗ ВО БУГАРИЈА И ПРЕКУ НОВО СЕЛО, ПРЕМИНОТ ЗЛАТАРЕВО ПО 6 МЕСЕЦИ ОТВОРЕН ЗА ПАТНИЧКИ СООБРАЌАЈ

    ВЛЕЗ ВО БУГАРИЈА И ПРЕКУ НОВО СЕЛО, ПРЕМИНОТ ЗЛАТАРЕВО ПО 6 МЕСЕЦИ ОТВОРЕН ЗА ПАТНИЧКИ СООБРАЌАЈБугарското Министерство за здравство по речиси половина година го отвори овој граничен премин низ кој се дозволуваше единстено излез на патници, но не и влез. (Фото: СДК.МК)

    Од денеска во Бугарија може да се влезе и преку граничниот премин Златарево кај Ново Село, потврди МВР. Бугарското Министерство за здравство ја измени забраната и по речиси половина година го отвори овој граничен премин низ кој се дозволуваше единстено излез на патници, но не и влез.

    Низ овој граничен премин изминативе 6 месеци се реализираше само товарниот сообраќај и се пропуштаа патници кои треба да транзитираат или пак преку софискиот аеродром се упатуваа на други дестинации. Сите останати патници се препраќаа на премините Делчево и Деве Баир.

    Условите за влез во Бугарија остануваат непроменети. Патниците треба да приложат или потврда за примени две дози вакцина против ковид-19, или негативен ПЦР не постар од 72 часа или доказ за прележан коронавирус не покасно од шест месеци.

    „На граничниот премин Златарево е отворен пункт на Државниот инспекторат за здравствена заштита на Бугарија, кој ќе има за задача контрола и обезбезедување на потребните документи за влез во земјата воведени со одлука на Владата и наредба на министерот за здравство на Бугарија Стојанчо Кацаров“, објави Општина Петрич.

    Од таму велат дека со отворањето на овој граничен премин во голема мера ќе се олесни патничкиот сообраќај, пред сè туристичките тури и посетите во Општина Петрич и Струмичкиот Регион. Бугарија иако е членка на ЕУ ги признава сите вакцини кои се аплицираат во земјава.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира