ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ ЌЕ СТИГНАТ ВАКЦИНИТЕ „СИНОВАК“, 180.000 ГРАЃАНИ ЧЕКААТ ВАКЦИНАЦИЈА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ ЌЕ СТИГНАТ ВАКЦИНИТЕ „СИНОВАК“, 180.000 ГРАЃАНИ ЧЕКААТ ВАКЦИНАЦИЈА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕОд наредната недела ќе продолжи масовната вакцинација на населението, која сега се одвива со намалено темпо поради малиот број вакцини кои ги имаме на располагање. (Фото: СДК.МК)

    До крајот на месецот ќе стигнат кинеските вакцини „Синовак“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче по средбата со кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо. Со тоа како што рече Филипче од наредната недела ќе продолжи масовната вакцинација на населението, која сега се одвива со намалено темпо поради малиот број вакцини кои ги имаме на располагање.

    „Веќе е направен планот на граѓаните за 100.000 дози „Фајзер“ и 500.000 „Синовак“. Од наредната недела се очекува вакцинација на 15.000-20.000 граѓани на ден. За брзо време ќе се вакцинираат сите 180.000 пријавени граѓани. Мислам дека до крајот на летото голема бројка граѓани ќе бидат вакцинирани. Сега се вакцинираат околу 300.000 граѓани, а со овие пратки ќе бидат уште толку, што значи ќе имаме 600.000 вакцинирани граѓани или 50 отсто од вкупната популација која треба да се вакцинира. До крајот на летото верувам дека ќе се постигне процент за кој можеме да кажеме дека имаме колективен имунитет“, рече министерот Филипче.

    Откако ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани, Министерството за здравство ќе спроведе теренска вакцинација во местата каде интересот бил слаб.

    Филипче кажа дека дополнителни нарачки за оваа година нема да се прават оти треба да стасаат уште 350.000 дози од „Фајзер“ преку Ковакс механизмот. Исто така треба да бидат испорачани уште 194.000 дози „спутник“, обезбедени преку директен договор со Русија, за кои уште нема најави кога ќе бидат испорачани.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира