Голем шумски пожар ја зафати шумата во регионот на Азот, на планината Даутица, помеѓу селата Ореше и Папрадиште. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), огнот зафатил површина од 50-тина хектари даб, а попладнево таму бил испратен и хеликоптер на АРМ.
„Огнот не е локализиран, попладнево гасеше и еден воен хеликоптер. Локализирањето на пожарот продолжува утре. На местото се екипи од 20-тина вработени на Шумското стопанство ‘Бабуна’ од Велес“, кажаа од Центарот за управување со кризи.
Огнот е регистриран вчера околу 11 часот. Мештани од Папрадиште посочуваат дека оган имало уште во неделата вечер за што пријавиле кај надлежните.
П. ПЕЧКОВ