СТИГНАА 100 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ НА „АСТРАЗЕНЕКА“, ДОНАЦИЈА ОД ГРЦИЈА

    СТИГНАА 100 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ НА „АСТРАЗЕНЕКА“, ДОНАЦИЈА ОД ГРЦИЈАВакцините од Грција веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови. (Фото: Министерство за здравство)

    Донација од Грција од 100.000 вакцини против ковид-19 на „ АстраЗенека“ пристигна  во земјава, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Вакцините, вели тој, веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно стратегијата за вакцинација.

    „Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ и амбасадорот на Грција во нашата земја, Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините“, напиша Филипче на Фејсбук.

    Вакцинацијата во земјава се одвива со „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Синовак“.

    На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се  408.953 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.355 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.393 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 652.680 дози вакцини, а ревакцинирани се 243.727 граѓани.

    Пријавени се 496.228 граѓани.

    Филипче најави дека од понеделник почнува теренската вакцинација, и дека акцент ќе биде ставен на руралните средини, особено во Шуто Оризари. Од понеделник почнува и вакцинирање без закажан термин, а само со вакцината на „Фајзер“ ќе може да се вакцинираат и деца од 12-16 години.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира