ЗА ВАКЦИНАЦИЈА НА ДЕЦАТА МОРА ПРИЈАВА НА ВЕБ-САЈТОТ, А ТЕРМИНИТЕ ЌЕ ПОЧНАТ ОД ПЕТОК, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ЗА ВАКЦИНАЦИЈА НА ДЕЦАТА МОРА ПРИЈАВА НА ВЕБ-САЈТОТ, А ТЕРМИНИТЕ ЌЕ ПОЧНАТ ОД ПЕТОК, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕДенес почна и вакцинацијата без закажан термин, редици и гужви има пред сите скопски вакацинални пунктови. - Поликлиника „Букурешт“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Родителите и старателите кои сакаат да ги вакцинираат децата од 12 до 16 години против ковид-19, ќе мора да ги пријават преку веб-сајтот vakcinacija.mk, од денес од четврток, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    Министерот минатата недела соопшти дека од денес ќе почне вакцинација без закажан термин, и дека од денес и децата може да се вакцинираат, но само со вакцината на „Фајзер“.

    „Бевме во ‘Букурешт’ – не вакцинираат деца, и немаат ‘Фајзер’. Бевме во ‘Јане Сандански’, немаат ‘Фајзер’ и не вакцинираат деца. Се јавивме во ‘Чаир’ и таму немаат Фајзер и не вакцинираат деца. Бевме и во ‘Борис Трајковски’, таму имаат ‘Фајзер’, но не нѐ примија затоа што таму се вршела само ревакцинација.
    Стварно нема смисла ова“, реагираше утринава читателка во наша редакција.

    „Мора да се закажуваат термини затоа што, вакцината на ‘Фајзер’ кога еднаш ќе се отвори мора да се вакцинираат 6 лица, бидејќи во вијалата има 6 дози. Ако се јави 1 или 2 деца има голем ризик да се фрлат одреден број вијали. А, тоа не сакаме да се случи . Затоа родителите и старателите ќе може да ги регистрираат децата и од петок ќе започне апликацијата на вакцините“, рече Филипче денеска пред отвоорањето на вакцинален пункт во скопската општина Шуто Оризари.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира