ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР СЕ ИЗВИНИ ШТО ПРЕРАНО ГИ УКИНАЛ МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19, БРОЈКАТА НОВОЗАРАЗЕНИ НАЈВИСОКА ГОДИНАВА

    ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР СЕ ИЗВИНИ ШТО ПРЕРАНО ГИ УКИНАЛ МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19, БРОЈКАТА НОВОЗАРАЗЕНИ НАЈВИСОКА ГОДИНАВАОлеснувањето на мерките го врати ноќниот живот во Холандија. (Фото: ЕПА)

    Холандскиот премиер Марк Руте се извини што поради погрешна проценка се укинати повеќето ковид рестрикции во земјата. Олеснувањето на мерките пред 3 недели предизвика пораст на бројот на заразени до највисокото ниво годинава, бидејќи го продолжи ноќниот живот за голем број млади луѓе.

    Во петокот повторно беа воведени забрани за работа на баровите, рестораните и ноќните клубови.

    Претходно, Руте ги одби критиките за укинувањето на мерките и рече дека тоа е логичен чекор.

    Во саботата, државниот Институт за јавно здравје регистрира над 10.000 нови ковид случаи, највисоката дневна бројка од декември. Но засега, ова не донесе зголемен број хоспитализации бидејќи поголемиот број заразени се млади луѓе.

    Над 46 отсто од возрасната популација во Холандија е целосно вакцинирана, главно од постарите возрасни групи. Над 77 отсто примиле една доза вакцина.

    Извинувањето на Руте доаѓа во време кога сè повеќе земји во Европа имаат зголемување на бројот заразени со делта сојот на коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира