СОРЕНТИНО, ЛАРАИН, ШРЕДЕР, КЕМПИОН, ЏИЛЕНХАЛ ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА

    СОРЕНТИНО, ЛАРАИН, ШРЕДЕР, КЕМПИОН, ЏИЛЕНХАЛ ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈАВенеција отвора на 1 септември со „Паралелни мајки“ на Педро Алмодовар.

    Пет италијански филмови, меѓу кои и на оскаровецот Паоло Сорентино и на Микеанџело Фрамартино, се меѓу 21 кандидат за престижниот Златен лав на 78. Филмски фестивал во Венеција, објави денеска директорот Алберто Барбера. Во конкуренцијата се и најновите филмови на Пол Шредер и Џејн Кемпион, како и режисерското деби на актерката Меги Џиленхал, а доаѓа и Пабло Лараин со „Спенсер“, филмот за Леди Дијана.

    Во паралелната конкуренција за награди Хоризонти е и „Вероника сонува за море“ на косовската режисерка Калтрина Красниќи, во копродукција меѓу Косово, Македонија и Албанија.

    Во паралелната конкуренција за награди Хоризонти е и „Вероника сонува за море“ на косовската режисерка Калтрина Красниќи, во копродукција меѓу Косово, Македонија и Албанија. Македонски копродуцент е „Дрим фектори“, а беше поддржан со 3 милиони денари (околу 50.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм во 2018. Венеција е последниот во низата големи фестивали на кои има и косовски филмови во изминатава година – во Ротердам наградена беше Норика Сефа за „Во потрага по Венера“, а Блерта Башоли победи на Санденс со „Улиште“. Во Кан во конкуренцијата за Златна палма за краток филм беше и косовскиот „Изместен“ на Самир Карахода.

    Венеција отвора на 1 септември со „Паралелни мајки“ на Педро Алмодовар, а вон конкуренција ќе играат и долгоочекуваниот „Дина“ на Денис Вилнев и „Последниот дуел“ на Ридли Скот.

    На чело на жирито за Златен лав е јужнокорејскиот оскаровец Бонг Јон-Хо, а членови меѓу другите се и годинашната оскаровка Клое Жао (Земја на номади) и романскиот документарист со две номинации за Оскар Александер Нанау (Колектив).

    Босанската режисерка номинирана за Оскар Јасмила Жбаниќ е на чело на жирито на Хоризонти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира