Актуелните градоначалници на скопските Општини Карпош и Аеродром Стефан Богоев и Златко Марин, нема да бидат кандидати на СДСМ на претстојните локални избори на 17 октомври. Како што соопшти генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, кандидат за Карпош ќе биде актуелниот директор на скопски „Водовод“ Душко Весковски. Одговарајќи на новинарско прашање зошто Богоев не е кандидиран за втор мандат, Николовски кажа дека ќе добие висока позиција во институциите на Владата.
Кандидат за градоначалник на Аеродром е Александар Филиповски. СДСМ со нови имиња ќе оди и во Прилеп, каде мандат ќе бара Горан Сугарески, и во Велес каде кандидат е д-р Ненад Коциќ.
Свој кандидат СДСМ ќе има во Тетово и тоа Хемдие Алезовиќ. Во Кавадарци кандидат е Горан Тодоров, во Сопиште Сашо Стојановски, а во Свети Николе актуелниот градоначалник Сашо Велковски.
СДСМ досега објави имиња за кандидати за градоначалници за 50 општини, меѓу кои и за Град Скопје каде втор мандат ќе бара актуелниот градоначачник Петре Шилегов.
А. АНТЕВСКА