ЗА ВМРО, СДСМ Е КРИВА ШТО ДИМЕ СПАСОВ ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА ПО ДВЕТЕ СООБРАЌАЈКИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ВМРО, СДСМ Е КРИВА ШТО ДИМЕ СПАСОВ ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА ПО ДВЕТЕ СООБРАЌАЈКИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го зеде во одбрана нивниот дополнителен заменик министер за труд и социјала Диме Спасов, кој, како што официјално соопшти МВР, во петокот околу полноќ во Скопје возејќи службено возило на Агенцијата за вработување удрил во две возила едноподруго, избегал по обата судири и бегајќи бил запрен од полициска патрола, потоа избегал додека траел увидот и ја оставил сопатничката, а час подоцна на местото на настанот дошол друг човек кој тврдел дека тој возел, но не знаел што точно се случило и полицијата не му верувала.

    Вчеравечер, скоро 20 часа по сообраќајката, дел од провладините медиуми повикувајќи се на партиски извори, тврдеа дека Спасов всушност бегал од група криминалци од албанско потекло од скопска Серава, кои го бркале и му го попречувале патот, па така ги предизвикал двете сообраќајки. Во тие провладини медиумски извештаи, во кои не стои зошто криминалци би го бркале Спасов, како еден од наводните напаѓачи беше посочен и Даут Динарица, кој во август годинава бил помилуван од претседателот Ѓорѓе Иванов. Истата верзија за настанот синоќа ја дал и Спасов во исказ во полициската станица во Карпош, а поднел и  пријава-поплака против наводните напаѓачи. Но, синоќа, откако тие разбрале дека се посочени како напаѓачи, самите дошле во полициската станица и дале исказ дека се лажно обвинети.

    Во денешното соопштение ВМРО-ДПМНЕ не ја негира сообраќајката, но тврди дека во официјалното соопштение на МВР се измислени лаги и конструкции од СДСМ без ниеден доказ: „СДСМ нема што да им понуди на граѓаните. Затоа централната тема на СДСМ на 40 дена пред избори е сообраќајна незгода со материјална штета од 150 евра. Затоа од СДСМ нема одговор кои се лицата кои го следеле заменик министерот Диме Спасов. Затоа од СДСМ нема одговор што е преземено против овие лица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

    СДСМ побара оставка од Диме Спасов и соопшти:„Никола Груевски и неговите соработници како Диме Спасов во ВМРО-ДПМНЕ се многу опасни по животот и безбедноста на граѓаните и не смеат повеќе да ја водат државата! Сите овие луѓе од ВМРО-ДПМНЕ не само што со леснотија ја признаа вината на Спасов, туку покажуваат врвна неодговорност за што ќе одговараат! За Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа што Спасов дивеел по улици, пијан уништувал возила по пат, а можело да бидат и деца, со службен џип надвор од работно време, од институција во која тој не работи – е само ‘сообраќајна незгода со материјална штета од 150 евра’!“.

    Директорот на Агенцијата за врботување Влатко Поповски и денеска беше недостапен за одговор зошто Спасов го возел службеното возило на Агенцијата, иако дури и министерката за труд и социјала Фросина Ременски јавно го повика да одговори на ова прашање и кажа дека тоа е негова одговорност. Ременски изјави дека лани во август со одлука на Владата, 7 возила од Министерството за труд и социјала биле дадени на други институции од кои 3 на Агенцијата за вработување, меѓу кои и „туарегот“ што Спасов го возеше кога ги направи сообраќајките. Ременски најави и дека за целот настан утре ќе одржи прес конференција.

    Денеска оставка од Диме Спасов побараа и Демократскиот сојуз и Форумот на слободоумни патриоти, како и граѓанските активисти од Шарената револуција Павле Боговевски и Влатко Васиљ кои од местото на сообраќајката на крстосницата помеѓу улиците Алжирска и Багдадска во Тафталиџе во Скопје, го повикаа МВР целосно да го расветли случајот и со тоа да ја врати довербата на граѓаните во институцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира