29 ПОЧИНАТИ, УШТЕ 561 СЛУЧАЈ НА КОВИД-19 ОД 4.384 ТЕСТОВИ

    29 ПОЧИНАТИ, УШТЕ 561 СЛУЧАЈ НА КОВИД-19 ОД 4.384 ТЕСТОВИБројот на активни случаи во моментов е 13.008.(фото: К.Попов)

    Нови 561 случаи на ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа од направени 4.384 тестирање, а починаа 29 лица, соопшти Министерството за здравство.

    Починати се 13 лица од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 лица од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 починати лица од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г), по едно починато лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г). Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

    Меѓу починатите во денешната статистика е и двегодишното дете кое имало тешки заболувања, а со лоша клиничка слика било донесено на Клиниката за детска хирургија.

    Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.242.490 тестирање на ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира