ПОВЕЌЕ СЕ ТРЕТИРААТ СПОРТСКИТЕ УСПЕСИ, ОТКОЛКУ ОНИЕ ВО КУЛТУРАТА, ВЕЛИ ПРОДУЦЕНТОТ НА „СЕВЕРЕН ПОЛ“ РОБЕРТ НАСКОВ

    ПОВЕЌЕ СЕ ТРЕТИРААТ СПОРТСКИТЕ УСПЕСИ, ОТКОЛКУ ОНИЕ ВО КУЛТУРАТА, ВЕЛИ ПРОДУЦЕНТОТ НА „СЕВЕРЕН ПОЛ“ РОБЕРТ НАСКОВРежисерката Марија Апчевска, продуцентот Насков и актерката Антонија Белaзелкоска по премиерата на „Северен пол“ на „Браќа Манаки“. (Фото: СДК.МК)

    „Македонската јавност не му придаде голема важност на нашиот успех. Повеќе се третираат спортските успеси отколку оние во културата“, рече Роберт Насков, продуцентот на кратометражниот филм „Северен пол“ на режисерката Марија Апчевска кој синоќа имаше македонска премиера на фестивалот „Браќа Манаки“.

    Ова беше првиот кмакедонски филм што влезе во официјална конуренција за Златна палма на Канскиот фестивал. Од 4.000 филмови, влезе меѓу десетте што се бореа за оваа престижна награда.

    „Успесите на македонските филмови во последно време кажуваат дека можеме и дека не треба да се занимаваме со љубомора и да ги омаловажуваме успесите. Македонската јавност не му придаде голема важност на овој наш успех, за жал. Како нам успеси да ни се случуваат секојдневно, па ова наше учество во Кан како да се случува секоја година. И она што се случува во културата нема одек како што заслужува. Повеќе се третираат спортските успеси отколку оние во културата, а сме прилично свесни дека постигнувањето во областа на културата, а посебно во филмот, најдобро ја презентираат нашата држава“, рече Насков.

    Со „Северен пол“ на Фестивалот „Браќа Манаки“ се остави простор да се прикаже уште еден младешки проблем, покрај темите и дилемите што ги отвори „Сестри“ на Дина Дума.

    „Темите што ме интересираат се недостаток на комуникација на младите кој е поврзан со темата на идентитет, кои сме и каде сакаме да бидеме, а кои се наметнати норми. Би сакала да создавам филмови кои создаваат прашања кога ќе заврши филмот и ја оставаат публиката си некое чувство на недореченост. Верувам дека филмот како уметност е дијалог меѓу публиката и авторите“, рече режисерката Марија Апчевска.

    Таа е битолчанка и призна дека во филмот се вљубила уште во детството токму преку фестивалот „Браќа Манаки“. Во средно дури испуштала часови на училиште за да ги проследи проекциите. Рече дека за „Браќа Манаки“ има посебно место во нејзиното срце.

    „Северен пол“ е снимен на филмска лента, што беше желба на режисерката и покрај комплицираниот процес, а снимател е Влатко Самоиловски. Камерата беше од Бугарија, филмската лента стигна од Прага и Будимпешта, постпродукцијата беше во Србија и во Македонија, лабораторијата во Будимпешта. Проблем беше и тоа што две години чекаа да падне снег за да го снимаат филмот во посакуваниот амбиент, но бидејќи до тоа не дојде мораа да се прилагодат во постоечките временски услови.

    Во филмот женската улога ја игра Антонија Белaзелкоска, главниот лик и од филмот „Сестри“, која на коментарот дека другите актери често глумат понагласено, а таа со минимална гума успеав да долови сериозни емиции, рече дека се обидува во секоја услога да биде своја.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира