МИТИНЗИТЕ СЕ СПОРЕД АНТИКОВИД ПРОТОКОЛИ, НО ЛУЃЕ САМОИНИЦИЈАТИВНО ДОАЃААТ ОД СТРАНА, РЕЧЕ ЗАЕВ

    МИТИНЗИТЕ СЕ СПОРЕД АНТИКОВИД ПРОТОКОЛИ, НО ЛУЃЕ САМОИНИЦИЈАТИВНО ДОАЃААТ ОД СТРАНА, РЕЧЕ ЗАЕВОд вчерашниот предизборен митинг на СДСМ ВО Општина Ѓорче Петров. (Фото: СДСМ)

    Премиерот Зоран Заев вели дека неговата партија СДСМ при организација на предизборните митинзи ги почитува ковид протоколите. Одговарајќи на новинарско прашање каде се полицијата и инспекторите на митинзите да ги казнат организаторите и граѓаните бидејќи се кршат протоколите, Заев рече дека тие како организатори прават сè за почитување на протоколите, но проблемот настанува што самоиницијативно доаѓаат дополнителен број луѓе.

    „Јас само ќе апелирам да се обратите до соодветните институции да ви дадат одговор затоа што овде сум како премиер, не би сакал за партиски работи да одговарам. Столчињата на митинзите се разместени согласно протоколите, веројатно проблемот е тоа што дополнително луѓе доаѓаат од страните, кои не ја спазуваат неопходната одалеченост и целосното почитување на протоколите. Сите си ветивме дека ќе направиме сè, имајќи  предвид дека работиме со граѓани кои доаѓаат самоиницијативно, но ќе направиме сè за почитување на протоколите“, рече премиерот Заев.

    САКАМДАКАЖАМ.МК минатата недела објави дека политичките партии на митинзите не ги почитуваат ковид протоколите. Ниту една од политичките партии на присутните граѓани на митинзите не им бара сертификат за вакцинација иако станува збор за организирани настани со голем број лица на еден простор.

    Според последните мерки за заштита од коронавирусот, донесени од Владата на 24 август, сертификат за вакциниција или за прележан ковид-19 е задолжителен за секаков вид на настан на отворен простор.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира