Актуелниот градоначалник на Скопје од СДСМ Петре Шилегов вели дека ќе победи во вториот круг на Локалните избори, во кој противкандидат ќе му биде Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Шилегов смета дека во вториот круг двајцата влегуваат изедначено и ги повика граѓаните кои не излегле на гласање во првиот круг тоа да го сторат на 31 октомври.
Според досегашните обработени податоци на Државната изборна комисија (ДИК), по првиот круг Арсовска води со плус 5.000 гласови пред Шилегов.
„Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани во вториот круг ќе излезат во многу поголем број и ќе дадат поддршка за проектите кои за 4 години Скопје целосно го променија. Реализиравме огромен број проекти, работевме за сите граѓани поддеднакво и Скопје стана единствен град. Ги повикувам сите граѓани кои од одредени причини не излегоа на гласање, во вториот круг да излезат и масовно да гласаат. Јас сум сигурен дека poради ова и поголемиот коалициски капацитет ќе издвојуваме победа“, рече Шилегов.
На новинарско прашање чии гласови од останатите кандидати ги очекува во вториот изборен круг, Шилегов рече дека како и секогаш се потпира на гласовите на граѓаните.
А. АНТЕВСКА