ЌЕ ПОБЕДАМ ВО ВТОР КРУГ ЗАТОА ШТО ГРАЃАНИТЕ САКААТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЈ РАБОТИ, ВЕЛИ СТЕВЧO ЈАКИМОВСКИ ОД КАРПОШ

    ЌЕ ПОБЕДАМ ВО ВТОР КРУГ ЗАТОА ШТО ГРАЃАНИТЕ САКААТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЈ РАБОТИ, ВЕЛИ СТЕВЧO ЈАКИМОВСКИ ОД КАРПОШСпоред 100 проценти обработени податоци од Државната изборна комисија, во прврио круг најмногу гласови освои кандидатот на СДСМ Душко Весковски (9.296), а втор е Јакимовски со 6.83o. (Фото: Фејсбук)

    Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од ГРОМ Стевчо Јакимовски оди во вториот изборен круг на Локалните избори против кандидатот на СДСМ Душко Весковски.

    Според 100 проценти обработени податоци од Државната изборна комисија (ДИК), најмногу гласови освои кандидатот на СДСМ Душко Весковски (9.296), а втор е Јакимовски со 6.83o, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Зафировски е трет со освоени 6.551 гласови, кандидатот на Левица Дарко Ристовски освои 3.675 , а Христа Најданов на ЛДП/ДОМ 642 гласови.

    Во Советот на Општина Карпош, пак, кандидатите на ГРОМ  имаат многу помалку гласови за разлика од Јакимовски, само 2 .685. СДСМ во Советот освои 8. 801, ВМРО-ДПМНЕ 8. 019, Левица 4. 219, ЛДМ/ДОМ 618, а независната советничка листа на Независни за Карпош 2. 280 гласови.

    Јакимовски вели дека ќе победи во вторниот круг и ќе биде иден градоначалник на Карпош, затоа што граѓаните почитуваат сработени и реализирани проекти.

    „Во втор круг очекувам поддршка од сите опозициски партии. Граѓаните почитуваат тоа што во моите мандати е сработено во Карпош, препознаваат посветеност и веруваат во мојата програма и проекти“, вели Јакимовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира