ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 11 ЧАСОТ E 14,18 ОТСТО, НАЈГОЛЕМА ВО РАНКОВЦЕ 38,2, НАЈМАЛА ВО САРАЈ 5,19 ОТСТО

    ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ ДО 11 ЧАСОТ E 14,18 ОТСТО, НАЈГОЛЕМА ВО РАНКОВЦЕ 38,2, НАЈМАЛА ВО САРАЈ 5,19 ОТСТОПрекин во гласањето повеќе од еден час имало на неколку избирачки места и тоа во Сарај, Центар, Карпош, Зелениково и Чешиново-Облешево. (Фото: К. Попов)

    До 11 часот излезноста на гласачките места каде се одржува втор круг од локалните избори е 14,18 отсто или гласале 160.035 граѓани. Во првиот круг излезноста до 11 часот беше 10,30 отсто.

    Најголема излезност има во Општините Ранковце 38,2 отсто, Вевчани 31,24 и  Демир Капија 30,14. Потоа следуваат Пехчево 28,44, Конче 26.74, Демир Хисар 25,19, Кратово 25,12, Пробиштип 24,75, Лозово 23,51, Чашка 22,73, Зелениково 21,55, Македонска Каменица 20.81, Росоман 20,14, Гевгелија 19,78, Битола 19,56, Чешиново- 19,27, Василево 19,26. Во другите општини излезноста е под 19 отсто.

    Најмала излезност до 11 часот има во скопски Сарај 5,19 и во Боговиње 6,8 отсто.

    Како што соопштија од Државната изборна комисија (ДИК), прекин во гласањето повеќе од еден час имало на неколку избирачки места и тоа во Сарај, Центар, Карпош, Зелениково и Чешиново-Облешево. Според претседателот на ДИК Александар Даштевски, причините биле банални односно намало сигнал во катричката која се става во уредот за гласање со отисок од прст. За да нема поголем застој, како што кажа Даштевски, гласањето потоа продолжило на класичен начин.

    Во вториот круг се гласа во 44 Општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира