ДО 13 ЧАСОТ ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ Е 24,87 ОТСТО, ВО ПРВИОТ КРУГ БЕШЕ 20,55

    ДО 13 ЧАСОТ ИЗЛЕЗНОСТА НА ИЗБОРИТЕ Е 24,87 ОТСТО, ВО ПРВИОТ КРУГ БЕШЕ 20,55Најголема излезност има во Вевчани 52,46 отсто, а најмала во Сарај 9,74. (Фото: К. Попов)

    До 13 часот на избирачките места излегле 24,87 отсто од гласачите на локалните избори, што е за околу 4 отсто повеќе од првиот круг кога излезноста беше 20,55.

    Најголема излезност има во Вевчани 52,46 отсто, Ранковце 47,76, Демир Капија 44,41, Конче 42,65, Пехчево 42,18, Демир Хисар 39,68, Пробиштип 38,42, Кратово 36,02, Лозово 35,85, Дебар 34,75, Гевгелија 34,24, Чучер Сандево 34,36, Македонски Брод 34 отсто, Македонска Каменица 33,85, Росоман 33,82, Зелениково 33, 37, Чашка 33,32 отсто. Во Битола излезноста е 32,03 отсто, а во првиот круг беше 25,54. Поголема излезност има и во Охрид, 30,15 отсто, за разлика од првиот круг кога беше 23,86. Другите општини се под 30 отсто.

    Излезноста е мала во Сарај, 9,74 отсто, Теарце 15,85 и Шуто Оризари 15,8 отсто.

    Како што рекоа од Државната изборна комисија (ДИК), до 13 часот има мирен избирачки ден и нема проблеми со уредите за идентификација со прст како што беше утрово.

    „Овој изборен круг нема редици и гужви како што беше случај на изборите пред две недели“, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира