Досегашниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов ѝ ја честиташе победата на независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, која победи во вториот круг со околу 30.000 гласови повеќе. Шилегов кажа дека и понатаму ќе биде тука, за да не дозволи на Скопје да му се случи силување како во минатото.
„Ѝ честитам на госпоѓата Арсовска на изборот. Благодарност до сите граѓаните и активисти кои ни дадоа поддршката. Нашите булевари, кејови, нашите зелени крвови веќе никој не може да ги избрише. Драго ми е што Скопје го оставаме во позиција неговиот развој да мора да продолжи. Ние сме тука и понатаму да ја продолжиме борбата Скопје да продолжи да расте како модерен град. Нема да дозволувме да ни случуваат силувања како во минатото“, рече Шилегов.
А. АНТЕВСКА