ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО КОЈА ЗАГИНАА 45 ПАТНИЦИ И 7 СЕ ПОВРЕДЕНИ

    ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА ВО КОЈА ЗАГИНАА 45 ПАТНИЦИ И 7 СЕ ПОВРЕДЕНИЗнамињата пред Владата се спуштени на пола копје по прогласената тридневна жалост. (Фото: К. Попов)

    Владата на денешната седница прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава, за автобуската несреќа која рано утрово се случи во Бугарија и во која загинаа 45 патници, а 7 лица се повредени.

    За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември, а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје.

    Се одложуваат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира