Пред вратите на нашата амбасада во Република Бугарија граѓани од раните утрински часови оставаат цвеќе, свеќи и играчки.
Во автобуската несреќа која што се случи по полноќ, во автобус со македонски регистерски таблички загинаа 45 патници, меѓу кои и 12 деца. Најмалите се 4-годишни близнаци, кои според неофицијалните информации, загинале со нивните родители.