ИМА ЕВИДЕНТЕН НАПРЕДОК ВО УСОГЛАСУВАЊЕТО НА СТАВОВИТЕ СО АЛТЕРНАТИВА, ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ОЧЕКУВАМЕ ДОГОВОР, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТА

    ИМА ЕВИДЕНТЕН НАПРЕДОК ВО УСОГЛАСУВАЊЕТО НА СТАВОВИТЕ СО АЛТЕРНАТИВА, ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ОЧЕКУВАМЕ ДОГОВОР, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТАЗаев и Гаши после средбата не дадоа изјави за медиумите, а премиерот кажа дека ќе биде испратено соопштение од прес-центарот на Владата. (Фото: К. Попов)

    Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши, и после денешната трета средба во Клубот на пратеници не донесоа конечна одлука за зголемување на парламентарното мнозинство и влегување на партијата во Владата. Заев и Гаши после средбата не дадоа изјави за медиумите, а премиерот кажа дека ќе биде испратено соопштение од прес-центарот на Владата.

    Во соопштението од Владата се вели дека на средбата е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт.

    „Разговорите продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на Северна Македонија, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните. Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка Влада, која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без заддршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели“, се вели во соопштението на Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира