КАНАБИСОТ Е СПАС ЗА МОЕТО ЕПИЛЕПТИЧНО ДЕТЕ, НО ЗАКОНОТ НЀ ПРАВИ КРИМИНАЛЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КАНАБИСОТ Е СПАС ЗА МОЕТО ЕПИЛЕПТИЧНО ДЕТЕ, НО ЗАКОНОТ НЀ ПРАВИ КРИМИНАЛЦИ

     

    Прилепчанката Сандра неуморно се бори со болеста на својата осумгодишна ќерка која има тежок  облик на епилепсија, и вели дека здравјето ѝ е многу подобро откако зема масло од канабис.

    “Моето дете има тежок облик на епилепсија и до пред една и пол година нејзината состојба беше многу, многу тешка. Дотогаш терапиите што ми ги препишуваа не даваа речиси никакви резултати. Во потрага по лек дојдов во Љубљана во Словенија каде за прв пат, под стручен надзор на тамошните лекари, започнав да користам капки од масло од марихуана. Сега, после една и пол година активно користење на овие капки и во комбинација со специјална диета, состојбата на моето дете е драстично подобрена“, вели Сандра.

    Иако докторите во Македонија тогаш ѝ зборувале дека „од нејзиното дете нема ништо да биде“, Сандра не сакала да се помири со таквата состојба. Тогаш започнала нејзината борба со епилепсијата, но и со предрасудите кај нашите доктори. Потрагата по лекот траела долго сѐ додека не слушнала за позитивните ефекти врз епилепсијата кои ги има маслото од канабис.

    “Првите информации за маслото од канабис односно од марихуана ги добив од Интернет. Тогаш кај нас тоа беше табу тема и никој од нашите доктори не сакаше да зборува за тоа со мене, а не пак да ми даде упат за лекување во Словенија. Но тоа не ме обесхрабри, и на свој трошок се упатив во Словенија. Употребата на канабисот таму е со закон регулирана, а докторите постојано беа во контакт со најновите информации кои доаѓаа од земјите каде употребата на канабисот во медицински потреби многу порано е одобрена. Прво користевме канабис во вид на прав, а потоа и капки масло од канабис. Првичните резултати беа минимални. Но докторите не даваа да се обесхрабрам. Тогаш започнавме со терапија со капки од канабис но во кои имаше 33% ЦБД супстанција и тоа беше вистинското. Набрзо почнаа да се појавуваат првите резултати. Моето дете, кое дотогаш воопшто не реагираше на средината околу него и секој ден имаше многу епилептични напади, набрзо почна да станува свесно за нејзиното опкружување. Ми изгледаше како едно заспано мече кое започна да се буди од долгиот зимски сон. Најмногу бев радосна што епилептичните напади, кои дотогаш ги имаше и по десетици дневно, сосем исчезнаа. Терапијата ја продолжив и кога се вратив во Македонија. Знам дека тогаш беше забрането користење на овој лек, бидејќи се третираше како дрога, но ниту законот, ниту можноста да ме уапсат, ниту било што друго, не можеа да ме спречат  да продолжам да му го давам на моето дете“, вели Сандра.

    Кога годинава се донесе законот, според кој и кај нас може да се користи маслото од канабис, многу болни од епилепсија во Македонија помислија дека лекот конечно стигна и кај нас но, набрзо увиделе дека она што е одобрено кај нас не е тоа вистинското.

    “Да, има болни кои сами си произведуваат масло од канабис. Ако капките сам ги направиш чинат околу 1.000 денари но ако ги купиш во аптека, ако пред тоа успееш да добиеш рецепт, чинат од 3.000 па до 9.000 денари, и сега што да прави оној кој има потреба од нив“, вели мајка чие дете има тежок облик на епилепсија

    “Да, има болни кои сами си произведуваат масло од канабис. Ако капките сам ги направиш чинат околу 1.000 денари но ако ги купиш во аптека, ако пред тоа успееш да добиеш рецепт, чинат од 3.000 па до 9.000 денари, и сега што да прави оној кој има потреба од нив“, вели мајка чие дете има тежок облик на епилепсија

    “Во Македонија, според нашата евиденција има околу 25.000 лица со епилепсија од кои 15-20 илјади се тешка форма на оваа болест. Според добиените искуства од лицата кои користеле маслото од канабис, ова растеније дава значителнен придонес со неговата употреба за намалување и исчезнување на епилептичните напади. Но тие не се многу задоволни од маслото кое може сега да се набави во Македонија зашто, како што велат, ја нема онаа состојка која ги намалува нападите или пак таа состојка е во маслото но во многу мал процент, а од друга страна цената е премногу висока. Поради ова, некои сами си произведуваат масло од канабис. Знаеме дека со тоа се соочуваат со ризик да бидат уапсени, но ризикот не е толку голем кога се работи за здравјето. Освен ова, лицата со епилепсија се соочуваат и со други проблеми, па така епилепсијата не е состојба која влегува во инвалидитет, а нашите членови не можат да земат инвалидски колички и други помагала преку Фондот за здравство“, вели Деан Бунески од Здружението на граѓани на лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Македонија.

    “Да, има болни кои сами си произведуваат масло од канабис. Иронијата е уште поголема  што најдоброто  масло кое има најголем ефект се добива од дивиот канабис, кој го има насекаде и кој расте како плевел, а кој, како што кажуваат, воопшто не бил добар за пушење. И сега, наместо да им се помогне на луѓето, јас знам случаеви кога се ангажира полиција да чува ниви на кои самоизникнал дивиот канабис, наместо тој да се искористи за добродет на луѓето. Ако капките сам ги направиш чинат околу 1.000 денари но ако ги купиш во аптека, ако пред тоа успееш да добиеш рецепт, чинат од 3.000 па до 9.000 денари, и сега што да прави оној кој има потреба од нив“, вели Сандра, чија борба за легализација на употребата на канабисот во медицински потреби и понатаму продолжува.

    ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ СПРОТИВНИ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ

    Невладината организација ХОПС беше една од тие огранизации која регираше на измените во  Законот за контрола на опојните дроги и психотропни супстанци, со кои се овозможи во аптеките во Македонија да може да се купи масло од канабис. Тие бараат ревизија, бидејќи измените одат во спротивен правец од меѓународните стандарди.

    Директорката на Бирото за лекови Марија Дарковска со министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција за препарати на база на канабис на 14 мај. (Фото: МИА)

    Директорката на Бирото за лекови Марија Дарковска со министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција за препарати на база на канабис на 14 мај. (Фото: МИА)

    “Целта на измените во законот што ги бараме е да се изврши регулирање на употребата на конопот, бидејќи постоечките одредби ги фаворизираат финански моќните правни лица кои ќе го контролираат овој лек и ќе влијаат врз висината на крајниот производ. Таквите лекови со висока цена се непристапни за најголемиот број граѓани, со што се повредува правото на лекување. Овие измени ја криминализираат употребата на канабис за лична употреба, што е спротивно на развојот на меѓународните стандарди за заштита на и унапредување на човековото згравје“, вели Воскре Наумовска од невладината ХОПС.

     

     

    disklejmer-prikazni-23734

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира