ЈАКИМОВСКИ ВРШИ ПРИТИСОК ГРАДОТ ДА ДАДЕ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА ДЕТАЛНИОТ ПЛАН, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    ЈАКИМОВСКИ ВРШИ ПРИТИСОК ГРАДОТ ДА ДАДЕ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА ДЕТАЛНИОТ ПЛАН, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕЈакимовски вчера кажа дека на Општината ѝ се заканува тужба од 15 милиони евра оти Арсовска не формирала комисија за урбанизам.(Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот Стевчо Јакимовски врши медиумски и институционален пристисок врз Градот, реагираа утрово од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, откако Јакимовски вчера во видеообраќање изјави дека 45 дена не може да стапи во контакт со Арсовска која ја укинала постојната комисија за урбанизам во Град Скопје, а нова не е поставена. Поради тоа не може да се одобри Детален урбаниситички план (ДУП) и на Општината ѝ се заканува тужба од 15 милиони евра.

    Од кабинетот на Арсовска велат дека Јакимовски врши притисок врз Градот да се даде позитивно мислење за планот.

    „Градот Скопје не учествувал во постапката за поништување на претходниот урбанистички план во Општина Карпош, за да преземе било каква одговорност за било каква штета настаната поради суспензија на претходен урбанистички план, ниту учествувал во постапката за продажба на земјиштето. Градоначалникот на Карпош наместо вината да ја бара во неговиот претходник, се обидува да изврши медиумски и институционален притисок врз Градот, за позитивно мислење на одреден урбанистички план“, велат од кабинетот на Арсовска.

    Јакимовски вчера кажа дека во овој случај е вклучен и Јавниот правобранител кој ги застапува интересите на државата и Општината и доколку планот не се донесе, инвеститорот ќе ја тужи Општината за 15 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира