ОД КОВИД-19 ПОЧИНАЛ ЕДЕН ВРАБОТЕН ОД ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛА, А 16 ОСУДЕНИЦИ СЕ ПОЗИТИВНИ

    ОД КОВИД-19 ПОЧИНАЛ ЕДЕН ВРАБОТЕН ОД ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛА, А 16 ОСУДЕНИЦИ СЕ ПОЗИТИВНИСите болни се со полесни симптоми освен еден кој се носи на инфузија в болница. (Фото: СДК.МК)

    Едно вработено лице од Битолскиот затвор „Црн Мост“ на возраст од 47 години почина од ковид-19 пред два дена, а 16 осуденици се позитивни на коронавирусот, потврди за САКАМДАКАЖМ.МК директорот на затворот Драган Крајовски. Вработениот бил примен во Битолската болница откако му се влошила здравствената состојба и имал пад на сатурацијата, но и покрај укажаната потребна лекарска помош во саботата починал.

    „Од осудените беа тестирани 20 лица, а 16 излегоа позитивни. Сите се на домашно лекување, така се нарекува третманот што го добиваат во ќелиите во затворот, само едно лице се носи в болница да прима инфузии, а другите се со полесни симптоми. Сите се во контакт со матичните лекари и овозможена им е потребната лекарска грижа“, рече Крајовски.

    Во затворот се спроведуваат зајакнати хигиенски мерки.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира