И БЕНИ ШАЌИРИ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВА ГОДИНА

    И БЕНИ ШАЌИРИ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВА ГОДИНАВо првичната најава за новогодишната програма од пред два дена, Бени Шаќири не беше меѓу домашните пејачи и групи кои ќе настапат. (Фото: ДОМ)

    За дочекот на Новата година на Плоштадот Македонија во Скопје ќе пее и Бени Шаќири заедно со групата „Нон стоп“. Шаќири беше кандидат за градоначалник на Скопје на локалните избор на ДОМ и ЛДП.

    Во првичната најава за новогодишната програма од пред два дена, Бени Шаќири не беше меѓу домашните пејачи и групи кои ќе настапат. Денеска од Град Скопје објавија програма за дочекот во која стои дека од 22.30 часот настап ќе има Бени и „Нон стоп“.

    Пред него ќе настапат раперите „Пука Козметика“ и групата „ДНК“. Од 23.30 настапува групата „Нокаут“, а по неа фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова.

    Градоначалничката Данела Арсовска кажа дека од буџетот на Градот не се дадени пари за новогодишната прослава, туку пејачите се платени од три општествено одговорни компании.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира