ОД 20 ЈАНУАРИ БУГАРИЈА ЌЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА ТУРИСТИ ОД МАКЕДОНИЈА САМО ЗА ВАКЦИНИРАНИ И ПРЕЛЕЖАНИ СО НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ

    ОД 20 ЈАНУАРИ БУГАРИЈА ЌЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА ТУРИСТИ ОД МАКЕДОНИЈА САМО ЗА ВАКЦИНИРАНИ И ПРЕЛЕЖАНИ СО НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТЗа влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така е задолжителен негативен ПЦР тест; - Граничен премин Деве Баир. (Фото: СДК.МК)

    Бугарија од 20 јануари ќе дозволи влез во земјата за сите државјани на Македонија со валиден сертификат за вакцинација против ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така е задолжителен негативен ПЦР тест, соопшти македонското Министерството за надворешни работи (МНР).

    Претходната бугарска одлука беше дека од 19 јануари Бугарија ќе забрани влез за туристички патувања од Македонија, односно се ограничуваше влезот за сите несуштински патувања во земјата, со исклучок за медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации.

    „По интензивната комуникација меѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани. Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби“, соопшти МНР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира