ИМАМЕ НЕЗАКОНСКИ ПРОТОК НА ПАРИ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА, ПРЕДУПРЕДИ СПЕЦИЈАЛНАТА ОБВИНИТЕЛКА РИСТОВСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИМАМЕ НЕЗАКОНСКИ ПРОТОК НА ПАРИ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА, ПРЕДУПРЕДИ СПЕЦИЈАЛНАТА ОБВИНИТЕЛКА РИСТОВСКА

    Специјалната обвинителка Ленче Ристовска му порача на судството дека треба да биде куче-чувар на владеењето на другите две власти, кои кај нас, како што рече таа, и тоа како се поврзани, за да нема злоупотреба на владеењето на извршната и законодавната власт. Ристовска беше еден од говорниците на дебатата на на завршниот ден во Скопје на Форумот на граѓанското општество, на тема „Враќање на демократијата, Европа и социјалната правда“, посветена на ситуацијата на земјите од Западен Балкан.

    „Ние се бориме против неказнивоста, против корупцијата. Целиот овој процес на крајот мора да резултира со подобрување на демократијата. Конкретните резултати од нашата работа зависат од многу фактори. Почнавме од една позиција. Тешко е. Треба заедно, како општество да ја промениме ситуацијата со неказнивоста и корупцијата“, одговори Ристовска на прашање зошто во Македонија тие што крадат се чесни луѓе, а чесните луѓе кои се бунат против тоа се во затвор и кога граѓаните, кои толку го поддржуваат СЈО ќе видат конкретни резултати од неговата работа.

    Кај дискусиите за ЕУ во која бледеат основните вредности и се помалку има солидарност, како обвинител, Ленче Ристовска потсети: “Имаме незаконски проток на пари низ цела Европа“.

    Владеењето на правото мора да биде суштина на владеењето на шесте земји кои претендираат да влезат во ЕУ, заклучија учесниците во дебатата, меѓу кои беа обвинителката од Специјалното обвинителство Ленче Ристоска, ексамбасадорот Никола Димитров,  познатиот аналитичар Ведран Џихиќ од БиХ, кој живее во Австрија и други. Заклучено беше дека Европската Унија еднаш веќе треба да воспостави искрен однос кон нашата и останатите земји од  регионот и да каже каква власт и одговара за партнер. Мора да се изнајде нов начин на комуникација со Унијата и да се натераат нејзините авторитети да ни ги чујат вистинските проблеми, место незаинтересирано, само кога ќе има „пожар“, да дојдат со противпожарно возило, да го изгаснат и да си заминат, беше речено во дискусијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира