БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА ДА СИ ПРЕГОВАРААТ, A ЕУ ДА СИ ОДЛУЧИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО, ВЕЛАТ ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ

    БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА ДА СИ ПРЕГОВАРААТ, A ЕУ ДА СИ ОДЛУЧИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО, ВЕЛАТ ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТПремиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков со државниот секретар на САД Ентони Блинкен на маргините на Минхенската безбедносна конференција на 19 февруари. (Фото: Влада)

    САД сметаат дека Северна Македонија и Бугарија треба да го решат спорот на билатерална основа преку преговори и дијалог, и иако прашањето за проширување на ЕУ зависи од самата ЕУ, САД се надеваат дека сите шест земји од Западен Балкан ќе станат членки на ЕУ.

    „Дискусијата меѓу Северна Македонија и Бугарија е навистина нешто што земјите треба да го решат на билатерална основа низ преговори со добра волја и дијалог, што верувам дека го прават. Но, во врска со проширувањето на Европската унија, исто така е прашање за Европската унија да си одлучи. Од наша перспектива, ние се надеваме дека секоја земја од Западен Балкан, сите шест, евентуално ќе станат членки на Европската унија“, кажа висок функционер на Стејт Департментот, одговарајќи на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали Бугарија со непоколебливото вето за македонските евроинтеграции ја загрозува стабилноста на Западен Балкан, на брифингот за новите санкции на САД во регионот.

    Во врска со ставањето на седум лица до Западен Балкан на црната листа на САД, меѓу кои и поранешните македонски функционери Никола Груевски и Сашо Мијалков, висок функционер од американското Министерство за финансии кажа дека тие со нивните дела не само што придонеле за зголемување на корупцијата, туку и дека ја загрозиле стабилноста на регионот.

    „Речиси сите дестабилизирачки политички активности што ги гледаме во регионот се некако поврзани со корупција“, изјави висок претставник на Стејт департментот и додаде дека „политиката на САД ги поддржува сите напори што меѓусебно ги зближуваат земјите на Западен Балкан и што ги приближуваат кон Европа, тоа важи за сите нив и вклучува заштита против корупцијата и криминални активности“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира