КАРТИЧКАТА „СКОПСКА“ СТАНА И ЕЛЕКТРОНСКА, СО МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА СЕ ПЛАЌА АВТОБУСКИ БИЛЕТ

    КАРТИЧКАТА „СКОПСКА“ СТАНА И ЕЛЕКТРОНСКА, СО МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА СЕ ПЛАЌА АВТОБУСКИ БИЛЕТДосега во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници билет можеше да се плати со телефон, но преку мобилните оператори и цената е 40 денари.(Фото: СДК.МК)

    Билети за возење во јавниот превоз во Скопје сега може да се купуваат и електронски преку новата мобилна апликација на ЈСП „Скопје“. Наместо во билетарниците и на другите продажни места да се дополнува картичката „Скопска“, патниците тоа ќе можат да се прави електронски и билетот во автобусот ќе го плаќаат преку електронскиот паричник на мобилниот телефон.

    Досега, во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници билет можеше да се плати со телефон, но преку мобилните оператори и цената е 40 денари. Со мобилната апликација сега корисниците ќе ги имаат сите можности кои ги нуди картичката „Скопска“, односно билет за едно возење од 35, со десет возењa 250, за еден ден 120, а за цела недела 500 денари.

    Апликацијата е достапна за корисници на смарт мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем. Нуди низа поволности, меѓу кои основните за електронско купување и валидирање на билет, а располага и со информации за возен ред, мапа на постојки, рута на планирање, кои во голема мера го олеснуваат користењето на јавниот превоз. Во изминативе неколку месеци, апликацијата ги мина сите фази на тестирање и очекуваме дека нејзините корисници нема да се соочат со проблеми од техничка природа, а во спротивно можат да пријават проблем и слично на [email protected]“, велат од јавното претпријатие.

    Патниците и понатаму ќе можат да купат или да ја недополнат електронска картичка „Скопска“, во билетарниците на ЈСП Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира