ЌЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗГОЛЕМИМЕ СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА И ЃУБРЕ ОТИ СТРУЈАТА Е ПЕТКРАТНО ПОСКАПЕНА, БАРАМЕ ПОМОШ ОД ВЛАДАТА, ВЕЛАТ КОМУНАЛЦИТЕ

    ЌЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗГОЛЕМИМЕ СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА И ЃУБРЕ ОТИ СТРУЈАТА Е ПЕТКРАТНО ПОСКАПЕНА, БАРАМЕ ПОМОШ ОД ВЛАДАТА, ВЕЛАТ КОМУНАЛЦИТЕКомуналните претпријатија бараат Владата да ја покрие разликата од зголемената цена на струја. (Фото: Принтскрин МИА)

    Комуналните претпријатија од земјава бараат финансиска помош од Владата бидејќи сметките за струја им се петкратно зголемени. Велат дека немаат пари да ги плаќаат сметките, билансите им се на работ на издржливоста и во таква ситуација излез е поскапување на цената на услугите.

    Тоа не е наша цел затоа што товарот ќе падне врз граѓаните. Цената на струјата е петкратно зголемена, на горивата дупло. Бараме Владата да ја покрие разликата за да се избегне банкрот или прекинување на давање на услугите. Треба да се има предвид дека станува збор за суштествени прашања како што се вода за пиење и собирање ѓубре. Не сакаме да се доведеме во ситуација на уште еден ценовен удар, а тоа се повисоки сметки за граѓаните на што ќе бидеме приморани ако нема слух од Владата“, рече Пеце Милевски, претседател на Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ) на прес-конференција пред Владата.

    Директорот на скопски „Водовод и канализација“ Златко Перински вели дека со новиот договор за струја, од септември месечната сметка ќе биде пола милион евра што е пет пати повисока и ќе го оптовари нормалното функционирање на претпријатието.

    Дел од јавните претпријатија од пред еден месец ги зголемија платите на вработени за 2.800 денари, откако СОНК излезе на протести.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира