СО ЗГОЛЕМЕНАТА ПОМОШ ОД ЕУ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ РЕАЛНА ПОДДРШКА, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ ПО ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ

    СО ЗГОЛЕМЕНАТА ПОМОШ ОД ЕУ МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ РЕАЛНА ПОДДРШКА, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ ПО ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕКовачевски со вицепремиерите Груби и Маричиќ на првата меѓувладина конференција со ЕУ. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Димитар Ковачевски е убеден дека македонските граѓани ќе излезат како победници од процесот на приклучување на ЕУ.

    „Убеден сум дека од овој процес граѓаните ќе излезат како победници, дека сите ние заедно ќе излеземе посилни, постабилни и забрзано ќе чекориме напред кон заедничка поперспективна иднина. Убеден сум исто така дека континуираната и зголемената помош која Европската Унија ќе ја обезбеди во наредниот период, ќе овозможи македонските граѓани и економија да добијат конкретна и реална поддршка, за европската реалност да ја живееме денес и на вистинскиот начин”, изјави Ковачевски на прес-конференцијата во Брисел, по првата меѓувладина конференција со ЕУ.

    Тој додаде дека ова е единствениот пат кон градење поуспешна и попросперитетна иднина за Македонија.

    „Друга алтернатива немаме”, кажа Ковачевски и побара од пратениците од опозицијата да учествуваат во дебатата во Собранието.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира