ОЏАЧАРИТЕ ГО ЧИСТАТ ВОЗДУХОТ ВО ТЕТОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОЏАЧАРИТЕ ГО ЧИСТАТ ВОЗДУХОТ ВО ТЕТОВО

    Тетово последниве години е еден од градовите со најзагаден воздух, а чадот од оџаците на домаќинствата кои се греат на дрва е меѓу повеќето фактори кои влијаат врз загадувањето. Оџачарите велат дека неисчистениот оџак многу повеќе го загадува воздухот од оџакот кој е чист и редовно се одржува. Грејната сезона е периодот кога оџачарите најчесто интервенираат за пожари од неисчистени оџаци.

    “Се беше готово за петнаесетина минути. Прво во поткровјето изби густ црн чад кој почна да ја полни собата а веднаш потоа пламна огнот. Во моментот кога изби пожарот во куќата имаше шест членови на моето семејство меѓу кои и четири деца. Сите веднаш побегнаа надвор, а огнот почна да се шири и изби од покривот.  Пожарната дојде за многу кратко време. Јурнаа пожарникарите во борба со огнот. Мораа и да кршат за да се пробијат до поткровјето каде пламтеше огнот  и не дозволија тој да се прошири на долниот спрат и на околните куќи. Сите беа ангажирани и брзо успеаја да го изгаснат пожарот.  Дури тогаш успеав да се качам во поткорвјето и да видам каква е состојбата. Сѐ беше изгорено, мебелот, апаратите за домакинство, компјутерот, телевизорот. Керамидите беа испокршени, потпорните греди изгорени, а од покривот зјаеше долема дупка од која се гледаше небото. Но за мене во тој момент најважно беше што никој од семејството не беше повреден. Другото ќе се надомести, ќе се купи“, раскажува Бесир Сулејмани, на кого огнот му го пеплоса поткровјето од неговата семејна куќа.

    Откако почна грејната сезона речиси секој ден интервенираме и гаснеме по некој запален оџак, велат тетовските пожарникари (Фото: Зандон за СДК.МК)

    Откако почна грејната сезона речиси секој ден интервенираме и гаснеме по некој запален оџак, велат тетовските пожарникари (Фото: Зандон за СДК.МК)

    Иако во прв момент не можеше да се утврди причината за пожарот, искусните тетовски пожарникари веќе знаеја дека причината за пожарот е неисчистениот оџак.

    “Минатата година имавме 68, а досега оваа година 29 вакви пожари. Но откако почна грејната сезона речиси секој ден интервенираме и гаснеме по некој запален оџак. Главната причина за овој вид пожари е што луѓето не ги чистат редовно оџаците од нивните куќи, згради и други објекти. Наталожениот материјал во оџаците е лесно запалив, а кога ќе се запали развива многу висока температура и лесно избива пожар. Исто така, една од причините е и лошата изведба на оџаците, односно тие се претесни и направени од неадекватен материјал што е најприсутно кај старите куќи. Но често пати и луѓето не размислуваат какви последици може да има од тоа што го прават. Еве еден пример, Тетовец чункот од шпоретот на дрва го извадил надвор над куќата сѐ до покривот, а притоа не ставил никаква изолација. И нормално дека од високата температура му се запалил и му изгоре покривот на куќата“, вели Ука Алити ,командир на противпожарната единица од Тетово.

    Освен приватните куќи, за неисчистените оџаци огромен проблем се зградите, а посебно висококатниците, каде штетата од пожарите е поголема (Фото: Зандон за СДК.МК)

    Освен приватните куќи, за неисчистените оџаци огромен проблем се зградите, а посебно висококатниците, каде штетата од пожарите е поголема (Фото: Зандон за СДК.МК)

    Алити посочува дека освен приватните куќи, огромен проблем се зградите, а посебно висококатниците.

    “Таму просто е неможно да се натераат станарите да соберат пари за редовно чистење и одржување на оџаците. А при еден таков пожар во висококатница, можете да замислете колкава штета би се направила. Освен ова и градежниците мора да внимаваат кога ги градат куќите. Неодамна интервениравме во една куќа каде исто така се запалил оџакот, но не можевме да излеземе на покривот, бидејќи сопственикот го покрил покривот со лимени плочи без да остави отвор. Ние не можеме да превземеме мерки за казнување на ваквите несовесни граѓани. Ние можеме само да ги советуваме и да им укажуваме на важноста од чистењето на оџаците“, вели Алити.

    Работата на превентивата преку делење флаери и друг пропаганден и едукативен материјал, и со директни совети на граѓаните,  придонело значително да се намали бројот на пожарите во тетовско, од над 600 колку ги имало во 2015, нивниот број паднал на 370 до декември оваа година.

    Градскиот плоштад е местото каде секое утро се собираат тетовските оџачари. Меѓу најстарите и најискусните е Боро, кој вели дека ги чисти тетовските оџаци повеќе од триесет години.

    “Порано луѓето имаа поголема одговорност и многу почесто ги чистеа оџаците. Сега, посебно овие младиве, речиси воопшто не водат грижа за оваа важна работа. Со години не ги чистат оџаците и дури кога целосно ќе им се затнат тогаш бараат помош од нас и тогаш кај да му најдеш чаре и крај на тој оџак. Секој добар домаќин оџакот треба да го чисти најмалку еднаш годишно, а по потреба и двапати во годината ако има купено понеквалитетни дрва. Едно чистење на оџакот сигурно чини помалку отколку да му се запали куќата од неисчистен оџак“, вели оџачарот Боро.

    До него е Ќерим, тој е помлад но исто така искусен оџачар, кој занаетот го учел од татко му. Тој има и конкретен предлог како Тетовци секогаш да имаат чисти оџаци.

    “Оваа наша служба, оџачарската, треба да биде во состав на комуналното претпријатие од општината. Доволно е со сметката за вода да се доплаќа 50 денари за чистење на оџаците и проблемот ќе биде решен. Ние ќе имаме редовна работа преку целата година, а градот ќе има чисти оџаци. Знам дека има некои градови каде ова функционира“, вели Ќерим.

    М. И. ПАЧЕМСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира