АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА НЕ ЧИНИ, ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ КАЖАМ КАКО ЌЕ ГО РЕШИМЕ ОВОЈ ПРОБЛЕМ, РЕЧЕ АРСОВСКА ПО ПОПЛАВИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ

    АТМОСФЕРСКАТА КАНАЛИЗАЦИЈА НЕ ЧИНИ, ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ КАЖАМ КАКО ЌЕ ГО РЕШИМЕ ОВОЈ ПРОБЛЕМ, РЕЧЕ АРСОВСКА ПО ПОПЛАВИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕПожарната спасила 20 луѓе кои биле заглавени во коли и врз кои паднале дрвја. (Фото: К. Попов)

    Градоначалничката Данела Арсовска вечерва на прес-конференција кажа дека екипите на Град Скопје, јавните претпријатија и Пожарната бригада соодветно реагирале по денешното невреме. Кризниот штаб бил свикан на терен, а главниот проблем за тоа што цело Скопје беше поплавено е атмосферската канализација која нејзините претходници не ја решиле соодветно.

    „Најголемиот предизвик беше поради атмосферската канализација која е несоодветна за она што во моментов го имаме во Скопје. Наредните денови ќе излеземе со анализа на кој начин  ќе ги решиме овие предизвици. Има повеќе примери, дел од улиците се новоизградени и таму се појавуваат проблеми, а дел се реконструирани, но притоа не е направена реконструкција на атмосферската канализација“, рече Арсовска.

    Пожарната спасила 20 лица од кои дел биле заглавени во возилата во подвозникот под плоштадот „Скендербег“, а врз дел паднале дрвја. (Фото: К. Попов)

    Таа кажа дека при денешното невреме Пожарната спасила 20 лица од кои дел биле заглавени во возилата во подвозникот под плоштадот „Скендербег“, а врз дел паднале дрвја.

    „Кризниот штаб на Град Скопје беше свикан теренски, работиме се` уште на терен и ќе работиме до доцните часови се` додека не бидат отстранети сите они предизвици кои ги имаме и сите штети на градските улици“, додаде Арсовска.

    Колку вкупно пријави за штети имало Арсовска не знаеше точно да каже, рече дополнително ќе побара одговор од институциите кои ги следат тие пријави.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира