МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ НА ВОДНО СВЕТИ ИАКО Е ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА, ОПШТИНА АЕРОДРОМ ГО ИЗГАСНА КРСТОТ ВО ЛИСИЧЕ

    МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ НА ВОДНО СВЕТИ ИАКО Е ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА, ОПШТИНА АЕРОДРОМ ГО ИЗГАСНА КРСТОТ ВО ЛИСИЧЕГрадоначалничката Данела Арсовска пред три недели најави дека Град Скопје ќе преземе мерки за штедење на струја, но во тие мерки не влегуваат гаснење на светилките на крстот.(Фото: К. Попов)

    Милениумскиот крст на Водно иако е енергетска криза секоја вечер свети. Градоначалничката Данела Арсовска пред три недели најави дека Град Скопје ќе преземе мерки за штедење на струја, но во тие мерки не влегуваат гаснење на светилките на крстот.

    Од Град Скопје не добивме одговор зошто Милениумскиот крст уште свети и дали воопшто планираат да ги изгаснат светилките како дел од мерките кога се соочуваме со недостиг на струја и скапа цена.

    За разлика од Милениумскиот крст, крстот во Општина Аеродром на булеварот Трета македонска бригада е изгаснат како дел од мерките за штедење. Градоначалникот Тимчо Муцунски вели дека од 1 септември на крстот светат само три светилки од безбедносни причини.

    „Покрај тоа што е исклучен крстот со работата престана и исклучено е внатрешното и надворешното осветлување на сите фонтани. Осветлувањето во парковите на територија на Општина Аеродром ќе биде редуцирано, односно светилките ќе работат преку една, а целосно ќе се гасат во 1 часот по полноќ. Уличното осветлување на сервисните улици со кое стопанисува Oпштина Аеродром ќе биде редуцирано, односно ќе работи преку една светилка и ќе се гаси 2 часа порано од вообичаеното. Рефлекторите на спортските игралишта ќе престанат со работа од 1 октомври“, вели Муцунски.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира