АКО АРСОВСКА НЕ ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“, СКОПЈЕ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ВОДА КАКО ШТО ВЧЕРА ОСТАНА БЕЗ ПРЕВОЗ, ВЕЛАТ ОД СИНДИКАТОТ

    АКО АРСОВСКА НЕ ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“, СКОПЈЕ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ВОДА КАКО ШТО ВЧЕРА ОСТАНА БЕЗ ПРЕВОЗ, ВЕЛАТ ОД СИНДИКАТОТОд ССМ велат дека директорот Митовски ги малтретирал работниците; - претседателот Димовски и Арсовска на вчерашната седница на градскиот Совет. (Фото: К. Попов)

    Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) побара од градоначалничката Данела Арсовска веднаш да го разреши в. д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Марјан Митовски оти ги малтретирал вработените. Од Синдикатот на прес-конференција кажаа дека тој освен што брка од работа работници, се изживува врз нив и ги деградира. Затоа се заканија дека ако Митовски не биде сменет Скопје ќе остане без вода, како што вчера остана без јавен превоз.

    Митовски не може да се изживува врз вработените, да им дава да извршуваат плус работни задачи кои не им се во договорот. Не може хидроинженери да ги праќа да бидат чувари, на оние што не му се допаѓаат да не им дава да работат. Ова што го збориме го утврди и Државниот управен инспекторат и Трудовиот инспекторат. Затоа, ги повикуваме градоначалничката Данела Арсовска и Советот на Град Скопје да го разрешат Митовски. Немојте да дозволите да се доведете во ситуација како вчера кога немавте градски превоз да немате вода за пиење“, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски.

    Митовски беше поставен за в. д. директор на „Водовод“ откако Арсовска го разреши Златко Перински за наводно местење на тендерот за пречистителна станица и оттогаш почна кавгата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката. По доаѓањето на функцијата на Митовски не беа продолжени договорите на определено време на стотина лица, за кои Арсовска кажа дека биле партиски кадри од месните комитети на партијата, кои си ги вдомиле во претпријатието, а за нив немало потреба.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира