ГРУЕВСКИ ВО ПЕТОК НА СУДЕЊЕ ЗА НАРАЧАНИ НАСИЛСТВА КАЈ В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СУДOT МИХАЈЛОВA

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ ВО ПЕТОК НА СУДЕЊЕ ЗА НАРАЧАНИ НАСИЛСТВА КАЈ В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СУДOT МИХАЈЛОВA

    Обвинетите за нарачаните насилства во општина Центар и за нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски, Никола Груевски и Миле Јанакиески, во петок треба првпат да седнат на обвинителна клупа пред судијката Татјана Михајлова, која од четврти месецов, кога му заврши мандатот на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски, е назначена за в.д. претседател на судот.

    Првото рочиште не се одржа воопшто, бидејќи Михајлова на 21 ноември, за кога беше закажано, го одложи за по изборите. Основниот суд Скопје 1 на веб страната на судот тогаш соопшти дека судењето се одлага за 16 декември, поради тоа што адвокатот на второобвинетиот Миле Јанакиески, го известил судот дека на 21 ноември бил спречен да дојде на судењето. Бил на неодложна стручна работилница.

    Адвокат на ексминистерот за транспорт и врски е Никола Додевски, кој истовремено е и бранител на првообвинетиот Никола Груевски, експремиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
    Дента кога требаше да се одржи рочиштето почна изборната кампања, а ВМРО-ДПМНЕ, заедно со обвинетите Груевски и Јанакиески, беа на митинг во Охрид.
    Специјалното јавно обвинителство на 15 септември поднесе обвинителен предлог против Груевски, Јанакиески и уште три лица како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.

    По куса постапка, обвинението беше поднесено врз база на прислушуваниот телефонски разговор на први јуни, 2013 во 20.57 часот меѓу, како што рече СЈО, двајца поранешни носители на највисоки функции во извршната власт, но и врз база на 56-секунден разговор во кој е опфатен познат македонски бизнисмен, од кој произлегле цврсти докази дека насилствата биле нарачани да се спречи седницата за бришењето на ДУП-от на Мал Ринг и на други урбанистички планови, заради лукративни причини, од лични и бизнис интереси.

    Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината. Во целата операција, која била инсценирана божем против уривањето на проектираната црква Свети Константин и Елена, а која воопшто не ни била ставена на дневен ред на седницата, диригирале од внатре по мобилен телефон советници на општина Центар, кои се меѓу обвинетите.

    На дневен ред на таа седница биле 4 урбанистички планови – „Голем ринг, јужен дел – Запад“, „Голем ринг, јужен дел – Исток“, „Мал ринг“, „Централно градско зеленило покрај Вардар – јужен дел“, меѓу нив и тој за црквата „Св. Константин и Елена“, но во него немало измени за црквата туку таа била само потврдена. На таа седница не беа усвоени, само беа одложени, но неколку месец подоцна беа усвоени.

    Не се знае дали на ова судење ќе се појави обвинетиот Груевски, бидејќи тој не доаѓа на рочиштата за случајот „Пуч“, каде е единствениот сведок на СЈО. Основниот суд Скопје 1 не му праќа покани и на Јанева не ѝ одговара зошто го прави тоа. Последниот пат во судницата избувна жестока кавга меѓу Јанева и судијката Башевска, бидејќи судењето таа го одложи на неодредено време. Последен пат Башевска како причина за одлагање наведе немање на безбедносен сертификат на два поротника.
    Груевски ни тогаш не дојде, а судијката повторно остана глува на прашањето на Јанева и на одбраната на Зоран Заев, Соња и Зоран Верушевски – каде е сведокот Никола Груевски и зошто судот не смее да го покани.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира