ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ БИ ЈА ВРАТИЛЕ ДЕМОКРАТИЈАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ БИ ЈА ВРАТИЛЕ ДЕМОКРАТИЈАТА

    Напуштањето на изборниот модел со шест изборни единици и воведување на моделот Македонија да биде една изборна единица со отворени листи е едно од решенијата за излез од политичката криза и разбивањето на бипартизот во македонскиот и во албанскиот гласачки блок и воведување на плурализмот.

    Во Македонија досега за избори имало три модели, мнозинскиот кој беше до 1998, во 1998 беше комбиниран – мнозиски и пропорционален, а од 2002 досега е пропорционален систем.

    Како би изгледал Парламентот ако Македонија е една изборна единица?

    Ако се направи симулација на гласовите што ги добија политичките партии кои учествуваа на предвремените парламентарни избори на 11 декември, односно ако се соберат гласовите што ги добиле политичките партии во шесте изборни единици, и тие се прикажат како гласови кога Македонија би била една изборна единица, во Собранието влегуваат коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, ДУИ, ДПА, БЕСА и Алијанса за Албанците, но, собраниско столче добиваат и  ВМРО за Македонија, Левица и Коалицијата за промени и правда.

    Распределбата на мандати би била следна:

    1. ВМРО-ДПМНЕ и други – 454.519 (39.39%):48
    2. СДСМ и други – 436.823 (37.85%):47
    3. ДУИ 86.848 – (7.53%):9
    4. БЕСА – 57.933 (5.02%):6
    5. Алијанса за Албанците – 35.145 (3.05%): 3
    6. ДПА – 31.027 (2.69%):3
    7. ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА – 24.523 (2.13%):2
    8. ЛЕВИЦА – 12.120 (1.05%): 1
    9. КПП – Трет блок 10.029 (0.87%):1

    Сите партии без ВМРО-ДПМНЕ кои учествуваа на изборите освоија 699.430 гласови или 60,19%, а ВМРО-ДПМНЕ  454.519, или 39,39%.

    Со Македонија како една изборна единица и отворени листи ќе овозможи во Парламентот да се најдат кандидатите кои ќе добијат поголем број на гласови, а не како досега, кога пратеници стануваа тие што се на подобра позиција на гласачкото ливче, генерално само затоа што имаат подобри врски со лидерот.

    Со отворените листи  граѓаните ќе имаат  слобода на избор при гласањето, бидејќи ќе се цени личноста, а не само партијата .

    Моделот една изборна единица ќе доведе до разнородна политичка сцена и ќе се намали јазот меѓу двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Владите кои би се формирале би биле похетерогени, и за очекување е дека значи поголема демократија и слух за потребите на различни општествени групи.

    Во Македонија имаше неколку иницијативи за промена на изборниот модел, но  тие беа секогаш одбивани од големите партии, бидејќи тие со новиот модел го губеа монополот врз гласачкото тело, односно остануваат покуси за неколку пратеници.

    ВМРО-ДПМНЕ  го поддржува мнозинскиот модел за избор на пратеници. Кога се применува мнозинскиот изборен модел, оној кандидат што ќе освои најмногу гласови, го добива мандатот.

    ДУИ се залага Македонија да биде поделена на три изборни единици. Би поддржале и една изборна единица но, како што велат од ДУИ, со тоа може да се намали бројот на пратеници Албанци. После резултатите на изборите од 11 декември, се покажа дека  и со овој модел бројот на пратеници Албанци падна на 20. На последните избори во 2014 беа 27 пратеници, а во 2008 – 29.

    СДСМ  во  јуни годинава немаше  јасен став  дали би поддржале Македонија да биде една изборна единица. Но, лидерот на СДСМ Зоран Заев во кампањата вети дека кога ќе победат на изборите веднаш ќе го променат изборниот модел и Македонија ќе биде една изборна единица со отворени листи.

    Во јуни годинава, Демократскиот сојуз предложи Македонија да биде една изборна единица со отворени листи без изборен праг, но тој не помина во Парламентот.

    И лидерот на движењето за реформа на ДПА Зијадин Села се залага  Македонија да биде една изборна единица.

    „Треба да се промени изборниот модел, Македонија да биде една изборна единица. Само на овој начин тежината на гласот во Тетово, Битола, Струмица и во Струга би бил ист. На народот во Македонија му треба слобода да избира. Затоа треба да се воведе пропорционален модел со отворени листи, така што граѓаните ќе можат слободно да избираат, без да се наметнуваат лидерите на партите или некои повисоки функционери во изборните листи“, изјави Села во септември, годинава.

    Како добар пример за промена на изборниот модел е Хрватска. Таму се  применија отворени листи. На изборите  учествуваше партијата МОСТ, чиј лидер Божо Петров на листата за пратеници беше на последното, а не на прво место. Тој доби највеќе гласови, не само од листата, туку доби повеќе гласови дури и од лидерите на ХДЗ и СДП, кои беа носители на прaтеничките листи. Со отворените листи, дури и познати имиња како поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ, не влегоа во Парламентот, а и легендарниот тренер Ќиро Блажевиќ, кој беше кандидат на хрватската дијаспора не доби доволен број на гласови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира