ДИК СЕ СООЧИ СО ПРВИОТ ПРИГОВОР СО СОМНЕЖ ЗА БУГАРСКИ ВОЗ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИК СЕ СООЧИ СО ПРВИОТ ПРИГОВОР СО СОМНЕЖ ЗА БУГАРСКИ ВОЗ

    Државната изборна комисија која денеска ги разгледува и одлучува по приговорите поднесени од Беса и од СДСМ, се соочи со првиот приговор со сомневање за бугарски воз.
    Според првиот приговор поднесен од СДСМ, во избирачкото место 2011 во Теарце, избирачкиот одбор на почетокот на гласањето во неделата,  констатирал недостиг на гласачко ливче во изборниот материјал. Подоцна, се вели во приговорот, тоа ливче, со заокружен број 1 за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, било најдено во гласачката кутија, сосе серискиот број кој требало да остане во кочанот, а бил откинат заедно со ливчето.
    Забелешката на членот на ИО била ставена во записник, но место гласањето да биде прекинато, тоа продолжило до крај.
    „Како ова гласачко ливче кое недостасувало во кочанот потоа е најдено во кутијата?  Многу е веројатно овде да профункционирал бугарски воз”, рече претставникот на приговорот.
    На ова, заменикот претседател на ДИК Реџеп Прекопуца рече дека овде е битно кога го снемало ливчето. Беше заклучено да се види записникот број 15, да се викнат во ДИК членовите на ИО и на Општинската изборна комисија и да се истражи оваа констатирана ситуација до крај.
    Потоа се премина на осмиот приговор од Беса од претходно. Во моментов се сослушуваат сите четири члена на ИО од Гостивар, но и гласачката која допатува и посведочи дека кога дошла да гласа во неделата, била вратена со објаснување дека веќе гласала.
    Фатиме Сулејмани пред ДИК кажа дека некој друг гласал во нејзино име и дека поради тоа, таа во неделата не го остварила правото на глас.
    Еден од четворицата членови на ИО потврди дека кога дошла Сулејмани, била потпишана.
    Сега ДИК го проверува избирачкиот материјал, за да го спореди нејзиниот потпис од личната карта со тој на таа Сулејмани што гласала во неделата.
    Првите седум приговори на Беса беа одбиени од мнозинството на ДИК.
    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира