ТЕШКО Е ДА СЕ ПРИФАТИ ДЕКА БЕГАЛЕЦ УБИ 12 ЛУЃЕ ВО БЕРЛИН, ВЕЛИ МЕРКЕЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Берлин,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕШКО Е ДА СЕ ПРИФАТИ ДЕКА БЕГАЛЕЦ УБИ 12 ЛУЃЕ ВО БЕРЛИН, ВЕЛИ МЕРКЕЛ

    СПЕЦИЈАЛНО ОД БЕРЛИН ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК – СИЛВЕРА ПАДОРИ КЛЕНКЕ

    Германската канцеларка Ангела Меркел верува дека инцидентот на божикниот панаѓур во Берлин каде беа убиени 12 луѓе бил терористички напад, додавајќи дека би било тешко да се прифати фактот дека се работи за бегалец во нејзиното прво обраќање по синоќешниот напад.

    „Се уште има многу работи коишто не ги знаеме со доволна сигурност. Меѓутоа, гледајќи ја ситуацијата, ние треба претпоставиме дека бил терористички напад. Знам дека за нас би било најтешко да се соочиме со фактот доколку биде потврдено дека извршителот на делото е некој кој барал заштита и азил“, додаде Меркел.

    Таа вети дека секој детал ќе биде разјаснет и дека извршителот ќе биде казнет со целосна сила на правото. Истражителите се сомневаат дека возачот на камионот кој се турна во толпата луѓе на божикниот панаѓур, убивајќи 12-мина и повредувајќи други 48, го направил тоа намерно и дека се работи за терористички напад, соопшти полицијата.

    Камионот се втурна во луѓето кои беа собрани во понеделник вечерта околу дрвените шатори со топло вино и колбаси, до меморијалната црква „Кајзер Вилхелм“ која остана уништена од времето на Втората Светска војна во срцето на поранешниот Западен Берлин.

    Како што информираше „Шпигел онлајн“, осомничениот напаѓач ги користел имињата Навед Б. и Навид Б. Од извори од службите, сторителот има 23 години и потекнува од Пакистан и На 1 февруари годинава пристигнал во Германија. Статусот на барател на азил го стекнал на 2 јуни. Информациите, сепак, не се официјални, но се вели дека  осомничениот користел и оперирал со фалсификувани документи и други различни имиња.

    Весникот „Ди Велт“ известува дека специјална единица на полицијата утринава во 4 часот упаднала во еден од хангарите на поранешниот аеродром „Темпелхоф“ каде во моментов се сместени околу 2.000 бегалци. Околу 200 специјалци биле вклучени во акцијата. Уапсени нема.

    Полицијата одби да ја коментира  акцијата, но истата ја потврдија претставници на Службата за бегалци. Дали има и каква е поврзаноста на извршителите на нападот во Берлин и сместените во хангарите е нејасно. Поранешниот аеродром „Темпелхоф“ во моментов е локација во срцето на Берлин каде на едно место се сместени толкав голем број бегалци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира