КАЗНИ ЗАТВОР И ДО 5 ГОДИНИ ЗА НАПАД НА НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ, ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА СТАПИ ВО СИЛА

    КАЗНИ ЗАТВОР И ДО 5 ГОДИНИ ЗА НАПАД НА НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ, ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА СТАПИ ВО СИЛАСо измените на Кривичниот законик ќе бидат позаштитени вработените во медиумите; - Од протестот на новинарите на 17 февруари. (Фото: К. Попов)

    Стапија во сила измените на Кривичниот законик за поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Со актот, изгласан на 13 февруари во Собранието со 61 глас „за“, ќе бидат позаштитени вработените во медиумите и особено оние кои се и биле најподложни на напади во минатиот период.

    Со измените на законот секое лице што ќе се заканува или ќе нападне новинар, снимател, камерман во време или поради извршување на професионалните задачи во иднина ќе добие сериозно поголема казна, а некои од нив предвидуваат и затвор од шест месеци до пет години. Во исто време, Обвинителството при повреди на правата на оваа група лица ќе презема мерки по службена должност, наместо праксата ваквите предмети да се решаваат со приватни тужби.

    „Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници верува дека со овие интервенции во Кривичниот законик неговите членови и сите вработени во медиумите кои вршат задачи од јавен интерес ќе добијат поголема заштита при исполнување на своите професионални задачи, а безбедноста на луѓето што информираат е клучен фактор за дополнително подобрување на демократскиот амбиент во Македонија, и ќе даде импулс во слободата на говор во медиумите, но и во повеќе општествени сегменти“, велат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира