ВАШИНГТОН ГИ ПОВИКА МАКЕДОНСКИТЕ ЛИДЕРИ ДА ПРЕСТАНАТ СО НАПАДИ НА АМБАСАДОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Вашингтон,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВАШИНГТОН ГИ ПОВИКА МАКЕДОНСКИТЕ ЛИДЕРИ ДА ПРЕСТАНАТ СО НАПАДИ НА АМБАСАДОРИТЕ

    Стејт департментот ги повика политичките лидери во Македонија да престанат со неоснованите напади на демократските институции и амбасадорите и да дозволат формирање на веродостојна и стабилна влада. Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби го почна денешниот брифинг со новинарите во Вашингтон, изразувајќи загриженост за зголемените политички тензии во Македонија по изборите на 11 декември.

    „Загрижени сме поради зголемените политички тензии во Македонија по парламентарните избори на 11 декември и ја осудуваме запаливата реторика од некои политички лидери којашто дава дозвола за напади на демократски институции и амбасадори акредитирани во Македонија. Ги повикуваме политичките лидери да престанат со неосновани напади, да го почитуваат демократскиот процес и да дозволат формирање на веродостојна и стабилна влада посветена на владеење на правото, одговорност и на основните права. САД се подготвени да ѝ помогнат на таквата влада да ги оствари долготрајните цели на Mакедонија за евроатлантска интеграција“, кажа Кирби. 

    Реакцијата на САД доаѓа по изјавата на Груевски на протестот пред ДИК во саботата, кога ги повика странските амбасадори да престанат да се мешаат во внатрешните работи во Македонија. На протестот на приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ во саботата се појави транспарент „Бејли тргни ги рацете од Македонија“ и потоа на социјалните мрежи се појавија некролози на повеќе амбасадори акредитирани во Македонија.

    ВМРО-ДПМНЕ вчера го осуди појавувањето на некролозите на странските амбасадори.

    Во петокот на средбите со амбасадорите на ЕУ и на САД Самуел Жбогар и Џес Бејли, Груевски, како што соопшти неговата партија, им рекол дека не може да им одговори дали ќе ги смири страстите на неговите приврзаници кои протестираа пред ДИК.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира